19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВнатрешноста на електричната лимузина на „Mercedes“ го одзема здивот(ФОТО)

Внатрешноста на електричната лимузина на „Mercedes“ го одзема здивот(ФОТО)

„Mercedes“ ја претстави внатрешноста на својот нов електричен модел што многумина го споредуваат со „S-Class“.

Првите два автомобили на „Mercedes“ од новата генерација на електрични возила беа „SUV“ моделите – „EQC“ и „EQA“.

Третиот, а воедно и најлуксузниот, ќе биде седанот „EQS“.

„Mercedes“ сега открива низа иновации што „EQS“ ќе ги претстави во автомобилскиот свет.

Како што е наведено, станува збор за над 40 иновации во прашање, а ние ќе започнеме со најважните.

Прва по ред е аеродинамиката и исклучително низок коефициент на триење: Cd е само 0,201.

Следната новина е т.н. „Energizing Nature“ програма за релаксација на патниците во „EQS“, и уште поважно, „НЕРА“ филтрирање на воздухот во кабината.

Конечно, дојдовме до најзабележителните вести, екранот „MBUX Hyperscreen“, за кој веројатно ќе се зборува со месеци.

Имено, целата контролна табла стана дигитален екран. Неговата вкупна ширина е 142 см, а активната површина е 2.432,11 сантиметри квадратни.

За врвен впечаток при возењето се грижи „Burmester surround audio system“  со 15 звучници и моќност од 710 W.

Патем, во автомобилот има вкупно 350 сензори кои го следат секој детал од динамиката на возење и околината. Сето ова е проследено со вештачка интелигенција и систем контролиран од моќен компјутер со напреден процесор и 24 GB RAM меморија.

Постојат некои други иновации кои не се толку важни на прв поглед, како што е амбиенталниот звук при возење, како и некои новини во дизајнот.

Еден од најдобрите производи на модерната автомобилска индустрија ќе се произведува во најмодерната фабрика на „Mercedes“, во фабриката во Зинделфинген, а батериите доаѓаат од блискиот Унтертирхајм.

Се очекува „Mercedes EQS“ да се појави на пазарот во август оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП