29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Air France“ е пред финализирање на планот за државна помош

„Air France“ е пред финализирање на планот за државна помош

Француската влада е близу до финализирање на планот за државна помош на „Air France“, откако ги надмина некои oд проблемите со монополот, изразени од Европската комисија.

Пакетот од повеќе милијарди евра може да биде објавен во наредните денови по конечното одобрување од Брисел и одборот на „Air France-KLM“, велат извори.

Франција и Холандија, кои имаат комбиниран удел од 28% во „Аir France-KLM“, веќе неколку месеци преговараат за план за понатамошно финансирање, откако последниот заем и го дадоа на групата од 10,4 милијарди евра (12,3 милијарди долари) во директни заеми и државни гаранции во минатата година. Превозникот имаше нето долг од 11 милијарди евра на крајот на минатата година.

Франција соопшти дека планира да обезбеди поддршка за францускиот бренд, истовремено обидувајќи се да ги ублажи барањата на ЕК за мерки насочени кон зајакнување на конкуренцијата, вклучително и трансфер на посакуваните права за слетување на аеродромите Париз-Орли и Амстердам-Шипол. Холандија исто така вети помош.

Како дел од договорот за државна помош минатата година, „Deutsche Lufthansa AG“ се согласи да обезбеди 24 слотови дневно во Минхен и Франкфурт на конкурентите. Францускиот весник „Les Echos“ во четвртокот објави дека „Air France“ ќе мора да отстапи помалку позиции во Орли заедно со некои во својот главен центар во Париз на Шарл де Гол.

Договорот со „Lufthansa“ исто така предвидува дека тој не може да стекне удел од над 10% во оператор од иста деловна активност се додека не се исплатат најмалку 75% од помошта. Дивидендите, откупот на акции и платите на извршниот директор исто така се ограничени.

Минатиот месец, „Air France-KLM“ објави зголемување на загубите во последните три месеци од 2020-та година. Главниот финансиски директор Фредерик Гаги рече дека дополнителна помош треба да се обезбеди во рок од неколку дена или недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП