30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБродот кој го блокираше Суецкиот канал конечно е поместен и плови(ВИДЕО)

Бродот кој го блокираше Суецкиот канал конечно е поместен и плови(ВИДЕО)

Огромниот брод кој го блокираше Суецкиот канал скоро една недела, беше поместен денеска рано наутро, пишува Ројтерс.

Бродот беше успешно поместен во 4:30 часот наутро, а оттогаш се работи на неговата безбедност.

Компанијата за поморски услуги Inchcape исто така објави дека бродот Ever Given, дел од флотата Ever Green е ослободен, пренесува Би-Би-Си.

VesselFinder, страница која се занимава со следење на бродови, го смени статусот на овој брод, и напиша дека бродот е „на пат“. Односно дека веќе не стои на местото.

Ever Given е долг 400 метри, а дијагонално го блокираше Суецкиот канал во помалку бизарна несреќа минатиот вторник. Потоа започна голема акција за поместување на бродот, во која учествуваа и други бродови и багери, копајќи песок на брегот со цел да го ослободат бродот.

Вчера беше постигнат првиот значаен успех кога бродот беше благо поместен и под него почна да тече вода. Целиот брод беше преместен околу 12 часа подоцна, во текот на ноќта.

Во меѓувреме, се создаде огромен метеж во сообраќајот пред Суецкиот канал. Стотици бродови чекаа да поминат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП