Македонската фудбалска репрезентација, според очекувањата, стигна до лесна победа од 5:0 над аутсајдерот Лихтенштајн, забележувајќи ја првата победа во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година по несреќниот пораз кај Романците, и сега со умерен оптимизам треба да се оди на пресметката со апсолутните фаворити Германија во среда во Дуизбург.
Иако имавме рано водство уште во седмата минута по ударот на Енис Барди, отпорот на упорните гости од Алпите на „Тоше Проески“ беше скршен во второто полувреме. Александар Трајковски постигна два гола за три минути во 51. и 54. минута, пред Елиф Елмас во 62. минута да зголеми на 4:0. Замената Илија Несторовски во 82. минута беше прецизен од белата точка за потврда на убедливиот триумф.

