Сите граѓани кои веќе ја примиле првата доза на вакцината на „Астразенека“ и оние кои следните денови ќе се вакцинираат, треба да знаат дека потребни се три недели за да се создаде имунитет, информира Министерството за здравство.
„Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена“, предупредува министерството.

