25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНАСА: Земјата е безбедна од астероидот Апофис барем уште 100 години

НАСА: Земјата е безбедна од астероидот Апофис барем уште 100 години

Жителите на планетата Земја можат да бидат мирни, бидејќи американската вселенска агенција НАСА потврди дека планетата е „безбедна“ барем во следните 100 години од астероидот кој се сметаше за најопасен.

Од откривањето на астероидот Апофис во 2004 година, НАСА го сметаше за еден од најопасните за Земјата.

Подоцна беа исклучени претходните предвидувања дека тој може да помине покрај нашата планета во 2029 и 2036 година, објави Би-Би-Си.

Одредена закана остана за 2068 година, но сега НАСА ја отфрли таа можност заснована на новата анализа за астероидот.

„Удар во 2068 година веќе не е во доменот на можноста, а нашите пресметки не покажуваат ризик од удар барем во следните 100 години“, рече Дејвид Фарночиа од Центарот за истражување на објекти во близина на Земјата (CNEOS) во лабораторијата на НАСА .

Астероидот, именуван по античкиот египетски бог на хаосот и темнината Апофис, е широк 340 метри, што е должина скоро како три фудбалски игралишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП