29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСостојбата во болниците е алармантна, голем е напливот на пациенти со тешка...

Состојбата во болниците е алармантна, голем е напливот на пациенти со тешка клиничка слика

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска одржа координација со директорите на ковид центрите во Скопје на која разговараа за моменталната состојба со капацитетите во Клиниките и ГОБ 8 Септември, состојбата на пациентите и ротациите на медицинскиот персонал.

На состанокот е утврдено дека здравствениот систем деновиве се соочува со најголемиот предизвик до сега, дека состојбата во болниците е алармантна.

„ Но и покрај тоа со секојдневни напори се оспособуваат нови оддели за хоспитализација на ковид пациенти. Во исто време болниците се отворени и за болни кои имаат итни здравствени проблеми и им е потребна брза лекарска интервенција, за хронични пациенти чија состојба се влошила, за прегледи на болни кои мораат да ја контролираат редовно здрвствената состојба“ соопшти Министерството за здравство.

Оттаму велат дека вработените во болниците даваат натчовечки напори за да ги згрижат сите пациенти.

„ Здравствениот систем го работи она што никогаш не го работел до сега, соочен со напливот на пациенти со тешка клиничка слика, болни кои имаат потреба од лекарска помош чиј број од час во час се зголемува. Министерот за здравство,заедно со директорите на болниците, лекарите и медицинскиот персонал, прават се што е во нивна моќ за пацинетите да добијат најдобра можна нега“ се додава во соопштението.

Министерството за здравство апелира до сите граѓани, да бидат исклучително одговорни овој период, бидејќи штитејќи се себе си го штитат и здравјето на другите. Исто така се апелира посебно младите да не се групираат, задолжително сите граѓани да ги почитуваат јавно здравствени мерки – носење на заштитна маска, одржување на физичка дистанца и хигиена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП