28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХибридната „Honda HR-V“ пристигнува до крајот на годината (ФОТО/ВИДЕО)

Хибридната „Honda HR-V“ пристигнува до крајот на годината (ФОТО/ВИДЕО)

Јапонскиот производител „Honda“ ја покажа хибридната верзија на третата генерација на „HR-V“, чијашто европска продажба ќе започне на крајот на годината. Компанијата открива дека новиот кросовер нуди подобрен внатрешен простор во споредба со неговиот претходник.

„Honda“ си постави цел да ги електрифицира сите свои европски модели до 2022-ра година. Затоа, чистите бензински и дизел мотори, на кои се потпираше претходниот „HR-V“, отпаднаа од гамата. Неговиот наследник ќе се нуди само со бензинско-електричен хибриден систем кој ветува „исклучителна“ ефикасност.

Компанијата не ги обелодени техничките карактеристики на моделот, но се очекува да се заснова на 1,5-литарскиот турбомотор од „Jazz Hybrid“ или 2,0-литарскиот мотор од поголемиот „CR-V“ хибрид.

Од фотографиите станува јасно дека дизајнот на третата генерација е значително променет во споредба со претходниот „HR-V“. Според „Honda“, ова ја отелотворува „чистата и модерна филозофија на дизајнот забележана во другите нови модели на марката“.

Новиот „HR-V“ ќе ја задржи централната локација на резервоарот за гориво за да може да понуди максимален внатрешен простор. Во него, четворица возрасни ќе патуваат во „максимална удобност“, бидејќи просторот за нозете и рамената е значително зголемен.

Внатрешноста е редизајнирана со цел да се зголеми чувството за простор, бидејќи контролната табла е поедноставена и намалена по големина. Кросоверот исто така дебитираше со нов систем на удобност кој го насочува протокот на воздух низ страничните прозорци наместо директно кон патниците.

Официјалната премиера на европската „Honda HR-V“ ќе се одржи во наредните месеци, кога ќе бидат јасни техничките карактеристики, опремата и цените на кросоверот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП