21 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 27-28.03.2021

Викенд хороскоп 27-28.03.2021

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Овој викенд поминете го во природа, опуштете се и рекласирајте се од напорната недела на работа. Потребно е да го промените размислувањето бидејќи е очигледно дека со никого не се согласувате. Пробајте и во домот да внесете хармонија.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Ваши се заслугите за квалитетните односи во деловна но и во семејната околина. Ќе бидете во одлична комуникација со најблиските. Дозволете си малку одмор овој викенд и наполнете ги батериите.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Доколку вашиот партнер е темпераментен, овој викенд ќе имате кваги со него. Иако го сакате сепак ќе му се спротивставите. Не дозволувајте кавгите за ситни нешта да ви го уништат слободното време, излезете и уживајте во прошетката.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со работни и приватни обврски без притоа никој да ви се меша. Може да не напреднете многу, но сепак ќе постигнете внатрешен мир. Доколку немате премногу работни обврски, овој викенд посветете му го на одморот.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Викендот е погоден за грижа за надворешниот изглед. Она што сакате да го промените кај себе ќе се случи токму на начинот на кој сте го замислувале. Во односите со најблиската личност не смеете да си дозволите да сторите нешто погрешно. Почитувајте го неговото право на мислење и слободата на личноста.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Доколку некој добронамерно ви укажува на направените грешки, вие многу се лутите и нервирате. Не дозволувате никому да делува на било кој начин врз вас иако тоа би го направил со најдобра намера. Осамете се овој викенд и одморете го и мозокот и телото.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Потрудете се да го искористите слободното време квалитетно ако сакате да се наполните со енергија. Излезете со пријателите на прошетка и уживајте во лесните разговори. Посетете некое ваше омилено место и релаксирајте се.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе сакате да стигнете на повеќе места во исто време, а тоа ќе ви донесе голема нервоза. Ќе избувне кавга во вашето семејство, а вие ќе се чувствувате премногу лошо. Размислете малку, кон некого сте биле многу неправедни.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе сфатите дека не сте работеле баш најмудро со парите, но не е доцна да воведете ред. Развеселете го партнерот со мал знак на внимание или со изјавување на љубов. Овој викенд не го заборавајте и семејството, почастете го со омилените слатки.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Ако сте во потрага по нова љубовна врска, обрнете и внимание на симпатијата и кажете и ги своите намери. Некој од вас двајца мора да го направи првиот чекор. Во работата вашето внимание ќе се здружи со креативноста и резултатите ќе бидат одлични.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Оние со приватен бизнис треба да поведат повеќе сметка за деловните книги. Советите од експертите или референтите ќе ви овозможат да бидете точни во се. Направете разговор со партнерот, потребно е да го послушате за нешто.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Доколку овој викенд посетите некое интервју за работа, обидете се да бидете максимално професионални. Слободните ќе имаат шанса за нова и интересна љубов. Нека не ве измачуваат проблемите на другите, олабавете се малку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП