21 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПакомак и општина Карпош заеднички работат на проект за имплементација на повратни...

Пакомак и општина Карпош заеднички работат на проект за имплементација на повратни вендинг машини

Благодарение на постојаната едукација на населението, сѐ повеќе луѓе стануваат свесни за рециклирањето како инструмент за зачувување на здрава и чиста животна средина. Меѓутоа, за многумина е проблем вклучувањето во процесот на рециклирање, па затоа Пакомак реши да им ја олесни работата и заедно со општина Карпош почна да работи на проект за поставување на повратни вендинг машини на територијата на општината.

Идејата на Пакомак и општина Карпош е со вклучувањето на компанија колективен постапувач од Финска, која што е партнер на Пакомак, да научиме од нивните искуства како најдобро може да се имплементираат вендинг машините во Македонија. Во скандинавските земји покрај системот со контејнери за селективно собирање на амбалажен отпад веќе 40 години функционира и системот со вендинг машини за собирање на пластични шишиња и лименки.

Повратните вендинг машини на Пакомак ќе примаат пластични шишиња и лименки, истите ќе пресуваат и складираат. Преку посебна апликација на своите мобилни телефони, граѓаните кои го одлагаат овој тип отпад во вендинг машините на Пакомак ќе собираат т.н “зелени поени” со кои ќе може да плаќаат јавни услуги или производи во малопродажбата.

Системот на рециклирање ќе го наградува секој поединец кој ќе се вклучи во него. Преку системот на одложување на отпадот во вендинг машините на Пакомак, со секое пуштено пластично шише или алуминиумска лименка граѓаните од нашата држава ќе може да собираат зелени поени кои подоцна ќе може да ги искористат за разни бенефити. Така, граѓаните не само што ќе придонесат кон одржување на чиста и здрава околина, туку и ќе имаат дополнителни, лични придобивки.

Пакомак со општина Карпош во изминативе години има реализирано голем број на проекти за едукација на најмладите и собирање на амбалажен отпад за кои има добиено и неколку национални награди на државно ниво од Министерство за Економија. Сега одиме и чекор понатаму во соработката со општината аплицирајки за проект за вендинг машини. Граѓаните нема да имаат никакви трошоци за користењето на вендинг машината. Мобилната апликација која што треба да ја имаат инсталирано на мобилниот телефон за собирање на зелените поени е бесплатна и напротив од користењето на машините ќе имаат само бенефити од собирањето на зелени поени.

Се надеваме дека нашата идеја ќе биде препознаена и ќе добие високи оценки од страна на надлежните органи за евалуација на проектите. Ќе биде поставен доволен број на вендинг машини да биде квалитетно покриена целата општина Карпош“, вели Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Покрај собирањето на пластични шишиња и лименки со проектот е опфатено и менаџирањето на кабастиот отпад со што самата општина и жителите во неа ке имаат и дополнителен бенефит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП