20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај за „Ford Mondeo“

Крај за „Ford Mondeo“

„Ford“ минатата година веќе го запре производството на американсиот „Fusion“, додека на крајот на март 2022-ра година, ќе го запре и производството на неговиот европски брат „Mondeo“.

Компанијата објави дека ќе го запре производството на сегашниот „Mondeo“ (лимузина и караван) во фабриката во Валенсија, Шпанија, веќе следната година, поради растечките промени во желбите на клиентите.

Со други зборови, поради зголемената популарност на „SUV“/кросовер моделите и падот на интересот за класичните седани (сегментот на пазарот во кој се наоѓа „Mondeo“ е намален за околу 80 проценти од 2000-та година).

Тука треба да потсетиме дека првата генерација на „Mondeo“ беше воведена во Европа на почетокот на 1993-та година (како замена за поранешната „Sierra“) и дека досега на стариот континент се продадени околу 5 милиони примероци на „Mondeo“ (од сите генерации заедно).

„Mondeo“ инаку ќе остане во производство во Кина (веројатно уште неколку години), каде минатата година претрпе уште еден рестајлинг.

Од друга страна, „Ford“ објави дека во Валенсија ќе продолжи да ги произведува „MPV“ моделите „Galaxy“ и „S-Max“.

Конечно, „Ford“ ќе понуди нов модел како индиректна замена за европскиот Mondeo и aмериканскиот „Fusion“, во форма на зголемен караван. Оваа новина се очекува до крајот на 2021-ва година, но останува прашањето за името под кое ќе се продава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП