26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРазговор.мк - единствениот балкански стартап во првата програма за одржливост на Startup...

Разговор.мк – единствениот балкански стартап во првата програма за одржливост на Startup Wise Guys

Разговор.мк е дел од  акселераторската програма на Startup Wise Guys, водечки акселератор на Балтикот и еден од водечките во Европа. Потенцијалот за развој и општественото влијание беа пресудни за добиената инвестиција и покана да се стане дел од ова семејство на брзо-растечки стартапи.

“Идејата да се создаде компанија која ќе има за цел да креира и обезбеди персонализирани системи за поддршка на индивидуата постоеше повеќе време. За почеток, решивме да ја направиме грижата за менталното здравје попристапна за луѓето. Денес, имаме над 30 психолози на нашата платформа и над 5000 превземања на нашите мобилни апликации (андроид, ајфон). Со инвестицијата добиена од акселераторот ќе работиме на зголемување на бројот на достапни психолози на платформата преку интернационализација, развивање на нови функционалности и освојување на нови пазари. Еден од најголемите проблеми за грижата на менталното здравје е пронаѓањето на вистинскиот психолог за нас. Овој процес трае долго и може да биде многу фрустрирачки. Нашите истражувања покажаа дека всушност голем број на луѓе се откажуваат по првиот или неколку неуспешни обиди да го најдат својот психолог. Затоа, развојот на нашиот продукт се движи во тој правец. Крајната цел е да овозможиме со неколку клика и во неколку минути секој да може да го најде својот идеален психолог или психотерапевт”, велат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП