23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој заработи, а кој прокнижи загуба од котираните друштва на Македонска берза...

Кој заработи, а кој прокнижи загуба од котираните друштва на Македонска берза за 2020 година

Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-31.12.2020 година.

Од вкупно 94 компании, 67 завршиле со добивка, а 27 компании завршиле со загуба во 2020 година, и во однос на 2019 година зголемен е бројот на компании кои прокнижиле загуба.

По профитабилноста повторно банкарскиот сектор се најде на врвот на табелата. Со 1.957.217 илјади денари Стопанска банка АД Скопје е лидер на листата, потоа следува Комерцијална банка АД Скопје со добивка од 1.939.134 илјади денари и на третото место е компанија од металопреработувачката индустрија Либерти Скопје, со добивка од 1.868.583 илјади денари.

Меѓу 10-те компании со најголема добивка покрај овие три комапнии се и НЛБ Банка(1.704.271 илјади денари), Македонски телеком(1.603.171 илјади денари), Цементарница Усје(1.523.204 илјади денари), Алкалоид АД Скопје(1.167.524 илјади денари), Мермерен комбинат АД Прилеп(511.377 илјади денари, УНИ банка(373.791 илјади денари) и Макпетрол АД Скопје(349.521 илјади денари).

Комплетниот преглед можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП