26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигнува „Hyundai Alcazar“ – нов „SUV“ со 7 седишта

Пристигнува „Hyundai Alcazar“ – нов „SUV“ со 7 седишта

„Hyundai“ ја продолжува офанзивата со „SUV“/кросовер возила. Откако на почетокот на март го претстави поткомпактниот кросовер „Bayon“, во април пристигнува нов модел, „Alcazar“.

Како што пишуваат медиумите, во основа станува збор за продолжена верзија на „SUV“ моделот „Creta“, во која може да се сместат три реда седишта и 6 или 7 патници, во зависност од конфигурацијата.

„Creta“ е инаку модел наменет за пазарите во развој, како што е индискиот, па се претпоставува дека и „Alcazar“ ќе има слична улога.

За да добие дополнителен простор за третиот ред седишта, „Alcazar“ ќе биде подолг од кросоверот на кој е базиран. Потсетуваме дека „Hyundai Creta“ има должина од 4.300 mm, додека меѓуосовинското растојание е 2.610 mm.

Се очекува дека основната верзија ќе ја придвижува 1,5-литарски атмосферски мотор со 116 KS (85 kW). На располагање ќе биде и 1,4-литарски турбо-бензински мотор со 140 KS (103 kW).

Исто така во понудата ќе има и 1,5-литарски дизел агрегат со 116 KS (85 kW).

Премиерата на моделот „Hyundai Alcazar“ е закажана за 6-ти април за кога се очекува да дознаеме повеќе детали за ова возило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП