29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААвтомобилите на Тесла ќе може да се плаќаат во биткоини

Автомобилите на Тесла ќе може да се плаќаат во биткоини

Извршниот директор на американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“, Илон Маск, во средата објави дека ќе може да се плаќаат автомобилите на компанијата со користење на криптовалутата биткоин.

„Ќе можете да ја платите Тесла со биткоини“, напиша претприемачот на својата страница на Твитер во средата.

Опцијата за плаќање со биткоин ќе биде достапна надвор од САД кон крајот на 2021 година, додаде Маск.

Американската компанија Тесла на 8 февруари објави дека инвестирала 1,5 милијарди долари во биткоин и најави дека во блиска иднина ќе им овозможи на клиентите да плаќаат за нејзините автомобили во таа крипто валута.

„Една од најголемите компании во светот инвестираше во биткоин, што значи дека сите инвеститори во Тесла се изложени на тоа (или барем само еден фонд во (индексот) S & P-500”), рече тогаш Илон Маск.

Тој исто така поддржа и други дигитални валути, како што е dogecoin.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП