20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Microsoft“ преговaрa за купување на „Discord“ за 10 милијарди долари

„Microsoft“ преговaрa за купување на „Discord“ за 10 милијарди долари

„Microsoft“ е во преговори за купување на платформата за онлајн пораки „Discord“, објави „Bloomberg“ повикувајќи се на извори блиски до двете компании.

Цената се очекува да надмине 10 милијарди долари.

Акционерите на „Discord“ ја објавија својата намера да се разделат со контролниот удел во компанијата и „Microsoft“ е еден од потенцијалните купувачи. Според анонимни извори, многу е веројатно дека компанијата ќе одржи „IPO“ и ќе излезе во јавноста.

Според „VentureBeat“, преговорите за продажба на „Discord“ веќе се во напредна фаза.

Од „Microsoft“ сè уште не го коментираат официјално ова прашање.

„Discord“, кој доби околу 7 милијарди долари во последниот круг на приватно финансирање во декември, е платформа што им овозможува на корисниците да координираат активности за соработка, како што се игри, дискусии, па дури и виртуелни забави.

„Microsoft“, кој е производител на конзолата „Xbox“, сака да го зајакне своето присуство во сегментот на видео игри. Минатата година компанијата го купи студиото за игри „ZeniMax Media“ за 7,5 милијарди долари.

Пандемијата со Ковид-19 принуди многу луѓе да поминуваат повеќе време во своите домови, што се покажа како позитивен фактор за производителите на игри. Интернет-забавата доживеа вистински бум во последната година.

Покрај ова, „Microsoft“ ја зајакнува својата позиција на социјалните мрежи. Последното големо купување на компанијата во овој сегмент беше аквизиција на „LinkedIn“ во 2016-та година.

Во 2020-та година, „Microsoft“ беше еден од кандидатите за купување на американски средства на видео-платформата „TikTok“, но договорот не се реализираше.

Според неодамнешните информации на „The Financial Times“, „Microsoft“ е заинтересиран и за купување на „Pinterest“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП