24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИднината не е хоризонтална, туку вертикална: Воздушните такси можат да бидат лансирани...

Иднината не е хоризонтална, туку вертикална: Воздушните такси можат да бидат лансирани од лебдечка платформа?

Концептот што тие го развиваат во Talyn Air ќе го промени начинот на полетување на воздушното-такси во градот. Не им треба писта, само малку простор.

Луѓето отсекогаш сакале да летаат, а со развојот на авионите ова стана можно. Но, авионите се големи и не се соодветни за секојдневни пократки патувања, како што е оној за до работа. Меѓутоа, како што патиштата стануваа се повеќе зафатени, инженерите и иноваторите сè повеќе се впуштија во развој на мали електрични летечки возила кои би зуеле низ градовите и би превезувале патници на помали растојанија.

Веќе имавме можност да видиме прототипови на електрични и автономни воздушни такси возила кои би превезувале патници самостојно. Talyn Air отиде чекор подалеку и го разви концептот на ново воздушно такси кое може да превезува патници и на подолги растојанија.

Она што го прави овој концепт различен од другите е фактот дека тој всушност се состои од две возила. Едно кое има можност за вертикално полетување и слетување, без помош на луѓе и кое всушност е наменето за еден вид лансирање на електрични авиони, тоест електрични такси. Се рабори за одвоива платформа со пропелери која може да полета вертикално и со тоа да го подигне електричното такси во воздухот, по што се одделува и може да лета самостојно. По враќањето, таксито повторно се поврзува со платформата која го спушта вертикално.

Како што е објаснето во Talyn Air, основана од двајца инженери со искуство во работењето на ракетата Falcon 9 на SpaceX, тоа е радикален пристап кој нуди лесен начин за полетување и слетување на електрични авиони во градски услови, а при тоа штедат батерија и простор.

Но, треба да се напомене дека ова е само идеја и концепт која допрва треба да се развива и тестира во реални услови. На пример, бура во март или обилни дождови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП