1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајскапите и најретки автомобили во светот

Најскапите и најретки автомобили во светот

Рангирањето на најскапите автомобили продадени некогаш неодамна беше обновено со ново рекордно купување. Како сега  изгледа и кои се најскапите автомобили, ајде да видиме:

Ferrari 330 TRI / LM Testa Rossa Spyder – 1962

avto2

Цена: 6.88 милиони евра.

Година на продажба: 2007-та.

Аукција: RM Auctions.

Ова „Ferrari“ посебно е изработено за учество во 24-часовното рели „Ле Ман“, беше продаден во 2007-та година на аукцијата „RM Auctions“ за скоро 7 милиони евра. Автомобилот стана шампион на познатото натпреварување во 1962-та година. Автомобилот има моќен 4-литарски мотор со 390 КС кој е во многу добра состојба, што исто така влијаеше на цената.

Ferrari 330 P4 – 1967-та

avto-11(1)

Цена: 7.25 милиони евра.

Година на продажба: 2009-та.

Аукција: RM Auctions.

Тоа „Ferrari“ 330 P4 го носи името „Leggenda e passione“. Од него се произведени само три возила, а овој автомобил стана победник на трката на 1000 километри на патеката Монца во 1967-та година и во 24-часовната трка во Дејтон возен од Лоренцо Бандини.

Bugatti La Royale Type 41 – 1931-та

avto11

Цена: 9.7 милиони евра.

Година на продажба: 1987-та.

Аукција: Christie’s.

„Bugatti Type 41“ се смета за еден од најпознатите раскошни автомобили некогаш создадени. Во 20-тите години на минатиот век моделот бил врвот на техничката мисла, а за своите очигледни квалитети го добива името „Royale“. Првиот примерок на „Bugatti Type 41“ се појавува во 1926-та година и првичните планови на Еторе Бугати биле да изгради 25 вакви автомобили за најбогатите луѓе во тоа време. Меѓутоа неговите планови не одеа според планот и до 1931-та година од „Bugatti Type 41 Royale“ се направени само шест.

Ferrari 340/375 MM Berlinetta Competizione – 1953-та

avto-9a(1)

Цена: 9.86 милиони евра.

Година на продажба: 2013-та.

Аукција: RM Auctions.

Овој спортски автомобил е вклучен во трката „Ле Ман“. Од него беа произведени само три примероци и зад неговиот волан му биле легендите на Формула 1, Мајк Хоторн, Џузепе Фари и Алберто Аскари. Ретиот автомобил е донесен во САД во 1954-та година, а потоа два пати, во 1974-та и 1993-та година има доживеано реставрација. Новиот сопственик на автомобилот е анонимен купувач.

Duesenberg Model J Whittell Coupe – 1931-та

avto-7

Цена: 10.3 милиони евра.

Година на продажба: 2011-та.

Аукција: Gooding & Company.

Моделот „Duesenberg Model J“ за прв пат беше претставен на јавноста на „New York Auto“ во 1928-та година. Милионерот Џорџ Вутек Џуниор толку му се допаднало возилото па поради тоа нарачал шест примероци. Еден од нив во 2011-та година беше продаден на аукција на „Gooding & Company“ за 10.3 милиони долари. Патем, во 1931-та година Вител го купува автомобил за 17.000 долари.

Ford GT40 Gulf / Mirage Lightweight Racing Car – 1968-та

avto-6

Цена: 11 милиони евра.

Година на продажба: 2012-та.

Аукција: RM Auctions.

Ова е најскапиот американски автомобили продаден некогаш на аукција. Во 70-тите години беше купен од страна на американскиот колекционер Дејвид Браун, кој ја дава за снимањето на филмот „Ле Ман“. Возилото ги менува сопствениците неколку пати и учествува во историски собири.

Mercedes-Benz 540K Von Krieger Special Roadster – 1936-та

avto-5

Цена: 11.8 милиони евра.

Година на продажба: 2012-та.

Аукција: Gooding & Company.

Кралски автомобил со кралска цена! Во август 2012-та година чеканот на аукцијата „Gooding & Company“ ја закова нејзината цена на 11,8 милиони долари. Тоа е модел, првично изграден за кралското семејство на Прусија во 1936-та. По 6 години колата станува сопственост на Жизел фон Кригер во Швајцарија, а потоа заминува за Америка. Повеќе од 40 години автомобилот поминал во гаражата, додека не се најде желба да ја реставрираат.

Ferrari 250 Testa Rosso – 1957-та

avto-4

Цена: 16,4 милиони евра.

Година на продажба: 2011-та.

Аукција: Gooding & Company.

Тоа е првиот автомобил на семејството „Testa Rosso“ што потоа се користи како прототип за развојот на други модели. Автомобилот е со 12-цилиндричен мотор (двигател број 0666 TR) со 300 коњски сили. Ова е најскапиот продаден на аукција автомобил на „Ferrari“.

Mercedes-Benz W196 – 1954-та

avto-3

Цена: 19.6 милиони евра.

Година на продажба: 2013-та.

Аукција. Bonhams.

„Mercedes-Benz W196“ е управуван од легендата на Формула 1, Хуан Мануел Фанџо, а стана најскапиот автомобил продаден некогаш на јавна аукција пред околу 20 дена. Единствена машина е направена во 1954-та година. Токму со неа Хуан Мануел Фанџо го освои „Swiss Grand Prix“ со што ја обезбедува втората светската титула во кариерата. За тоа време „Mercedes-Benz W196“ е опремен со најнова технологија,  има иновативен систем за сопирање и 2.5-литарски мотор. Последните 30 години „Mercedes-Benz W196“ стоеше во гаража. При тоа колата посебно не е реставрирана, за да се зачуваат оригиналните вдлабнатини и гребнатини добиени во трката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП