Претставувајќи ја серијата „iPhone 12“ во минатата година, „Apple“ непријатно изненади многу корисници со одлуката да ги отстранат полначите и слушалките од пакувањето. Додека тие го правдаа тоа со еколошки причини, не е ни чудо што повеќето луѓе не го гледаат ова како оправдан потег, а Бразилците отидоа чекор подалеку.
Бразилската агенција за заштита на потрошувачи во Сао Паоло (Procon-SP) неодамна го казни „Apple“ со 2 милиони долари за недостатокот на полначи во кутиите. Според таа организација, „„Apple“ учествувал во лажно рекламирање и продажба на уреди без полначи по нефер услови“.

