17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle не надгледува додека спиеме! Овој уред користи радар, снима движења и...

Google не надгледува додека спиеме! Овој уред користи радар, снима движења и дишење (ВИДЕО)

Google ја претстави новата генерација на Nest Hub, која ве надгледува додека спиете. Уредот е опремен со софистицирани сензори и ги анализира движењата и дишењето.

Новитетот се заснова на чипот/радар Соли, а собраните податоци ќе ви помогнат подобро да ја разберете вашата рутина и евентуално да ја поправите (да речеме кога лежите во кревет).

Nest Hub чини 100 долари и доаѓа со гласовно активиран виртуелен асистент, пренесува Daily Mail.

Уред без камера

Компанијата посочи дека анализите и аудио записите се зачувуваат на самиот уред, додека „комбинираните податоци за спиењето“ се зачувуваат на нивните сервери.

Уредот нема камера за да се осигурате од злоупотреба, бидејќи сигурно никој не би посакал такво загрозување на приватноста.

Добиените податоци може да се пренесат на апликацијата Google Fit, што ви дава појасна слика за вашите активности и здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП