18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПивара Скопје го одбележува Светскиот ден на водата 2021

Пивара Скопје го одбележува Светскиот ден на водата 2021

Пивара Скопје и оваа година традиционално се приклучи кон глобалното одбележување на 22. Март – Светскиот ден на водата (#WorldWaterDay).

„Овогодинешното одбележување го посветуваме на вредноста на водата како еден од најзначајните природни ресурси. Пивара Скопје неодамна го доби сертификатот за AWS (Alliance for Water Stewardship) стандардот, што претставува своевидно признание за досегашната посветеност на компанијата во изнаоѓање и примена на одржливи решенија за управување и целосна заштита на водните ресурси. Овие решенија се интегрален дел од долгорочната стратегија и заложбите на Пивара Скопје за заштита на животната средина и одржлив развој“, изјави Маја Илиевска, менаџер за квалитет во Пивара Скопје.

Во рамки на оваа стратегија, Пивара Скопје, заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC и HEINEKEN групациите, има поставено амбициозни цели за одржлив развој до 2025 година, во чии рамки се и оние за намалување на потрошувачката на вода, како и прочистување на отпадните води од технолошките процеси. За да ги исполни овие сопствени заложби, Пивара Скопје инвестираше во изградба на најсовремена станица за био-третман на отпадна вода, која значајно придонесува за заштита на површинските води од загадување. Исто така, како резултат на континуирaните вложувања во оваа област, потрошувачката на вода во компанијата е намалена за повеќе од 30% во последните 10 години.

За остварените резултати во одржливиот развој и заложбите за заштита на животната средина, меѓу кои се и оние во делот на управувањето и заштитата на водните ресурси, Пивара Скопје, заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC Групацијата, минатата година, по седми пат во последните осум години, го освои првото место во европската индустрија за пијалаци, во рангирањето на водечкиот глобален стандард за одржливост во бизнисот – „Дау Џонс индекс за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Index).

Повеќе информации за заложбите и политиките на Пивара Скопје во доменот на одржливиот развој може да најдете на www.polnacasa.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП