28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска поевтини цени на горивата

Од денеска поевтини цени на горивата

Регулаторна комисија за енергетика одлучи да изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,35 проценти во однос на Одлуката од 15.3.2021 година, информира Комисијата.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и на Еуродизел се намалија за 0,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намали за 1,00 денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,818 ден/кг и сега изнесува 35,393 ден/кг.

Од денеска максималните цени на нафтените деривати ќе бидат следните:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 67,00 денари за литар,

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 69,00 денари за литар,

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 56,50 денари за литар,

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 45,50 денари за литар,

Мазут М-1 НС се продава по цена од 35,393 денари за килограм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП