25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДали „LG“ се подготвува да го затвори својот бизнис со мобилни телефони?

Дали „LG“ се подготвува да го затвори својот бизнис со мобилни телефони?

„LG Electronics“ може да го затвори бизнисот со мобилни комуникации наместо да го продава, објави „DongA Ilbo“, повикувајќи се на извор во електронската индустрија. Преговорите со германската „Volkswagen AG“ и виетнамската „Vingroup JSC“ за можна продажба на бизнисот со паметни телефони се чини не успаја, пренесува „Bloomberg“.

Во јануари, извршниот директор на „LG Electronics“ изјави дека компанијата престанала да развива мобилни телефони во текот на минатиот месец. Според информациите, „LG“ го одложи претходно планираното лансирање на сите нови паметни телефони во првата половина од годинава.

„LG“ може да ја сподели својата одлука за судбината на бизнисот со своите вработени на почетокот на април, според објавата на „DongA Ilbo“.

Корејскиот производител на почетокот на годината официјално ги објави своите најнови финансиски резултати за последниот квартал од минатата година. Главниот заклучок е дека перформансите на „LG“ во овој период ги надминаа првичните очекувања на аналитичарите.

Првиот важен индикатор е поврзан со продажба од 16,76 милијарди долари за периодот од октомври до декември. Ова претставува двоцифрен раст од 16,9% во споредба со четвртиот квартал од 2019-та година. Бројката покажува и стабилен раст од 11% во споредба со третиот квартал од 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП