19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИКоја банка “растури” со кредитирање минатата година

Која банка “растури” со кредитирање минатата година

Според извештаите на Народната банка за 2020 година и анализата на нашиот портал Денар, една од големите банки во нашата држава пласирала речиси двојно повеќе кредити од останатите големи банки.

Во 2020 година, според извештаите на Народна банка, износот на кредити на нефинасиски субјекти (физички лица и приватни компании) во банкарскиот сектор изнесува 353.502 милиони денари, односно приближно 5.7 милијарди евра.

Изминатата година, Халк банка значително ги претркала со пораст на кредитите останатите големи банки. Кредитите кон нефинансиски субјекти на 31.12.2019 година изнесувале 38.121 милиони денари, а на крајот на 2020 година изнесуваат 44.299 милиони денари. Според овие податоци може да констатираме дека банката остварила пораст на кредитното портфолио кон нефинансиски субјекти на износ од 6.178 милиони денари, односно приближно 100 милиони евра.

Втора од банките по пораст во 2020 година е Стопанска Банка АД Скопје, која остварила нето пораст на кредитите кон нефинансиски субјекти во износ од 3.956 милиони денари или приближно 64 милиони евра.

Следни се  НЛБ банка АД Скопје со пораст на кредитното портфолио од 2.835 милиони денари (46 милиони евра), Охридска банка со пораст на кредитното портфолио од 1.393 милиони денари (23 милиони евра) и Комерцијална банка АД Скопје со пораст на кредитното портфолио од 214 милиони денари (3.5 милиони евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП