Аналитичката компанија „IDC“ известува дека испораката на уреди за носење бележи пораст на 153,5 милиони во последниот квартал од 2020-та година, што претставува пораст од 27,2% во споредба со истиот период од претходната година. Годишниот раст е сличен, со вкупна испорака од 444,7 милиони уреди.
Минатата година, аналитичарите започнаа да ги следат резултатите од новата категорија – уреди за слушање (hearable). Категоријата се состои од уреди што се носат на/во ушите и имаат повеќе функции отколку само пуштање музика – тие можат да пристапат до дигитални асистенти или да понудат опции за следење на здравјето и фитнесот. Сепак, дури и категоризацијата „подобрување на звучното искуство“ е доволна за да ги класифицира слушалките како „hearable“.


