Американската вселенска агенција НАСА успешно ја тестираше најмоќната ракета во светот, наречена SLS (Space Launch System).
Моторите на оваа ракета работеа повеќе од осум минути, што е доволно време за ракетата да стигне од земјата до вселената.
SLS е дизајнирана да им овозможи на луѓето да патуваат на Месечината, за прв пат од 1972 година и е дел од проектот Артемис, кој беше лансиран од НАСА во 2017 година.
Ракетата има четири моќни RS-5 мотори и два бустери од страна, а јадрото што се користеше за тестот ќе се користи и за првиот вистински лет, закажан за крајот на годината.
Тоj е прикачен на рампата во вселенскиот центар „Стенис“, кој исто така се користеше за тестирање на ракетата Сатурн V – токму онаа во која мисијата Аполо патуваше на Месечината.