16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку се задолжени граѓаните на подрачјето на поранешна Југославија

Колку се задолжени граѓаните на подрачјето на поранешна Југославија

Според јануарските податоци од шесте централни банки, Хрватите се најзадолжени, со околу 18 милијарди евра, а Црногорците најмалку, со околу 1,39 милијарди евра.

На второ место според вкупниот долг се Словенците со износ од 11 милијарди евра, додека граѓаните на Србија се на третото место со износ од 10 милијарди евра, Босна и Херцеговина 5,07 милијарди, Северна Македонија 3,01 милијарди евра.

Меѓутоа, кога се гледаат вкупните износи на заемот во однос на бројот на жители, излегува дека граѓаните на Србија се најмалку задолжени во споредба со другите земји кои потекнуваат од поранешната заедничка држава, пишува порталот Бизнис.рс.

Според висината на личните долгови по основ на заеми, најзадолжени се Словенците со износ од 5.286 евра, потоа следуваат Хрватите со 4.208 евра, Црногорците со 2.239, граѓаните на БиХ со 1.536 евра, Македонците со 1.452 евра и на крајот Србите со просечни 1.443 евра долг.

Интересно е да се забележи колку порасна задолженоста на граѓаните во овие земји во пандемијата 2020 година.

Општо, тој порасна на ниво на неколку проценки – најмалку во Хрватска (1,8 проценти), а најмногу во Србија, со 11,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП