29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо која валута се задолжувале македонските граѓани кај банките минатата година

Во која валута се задолжувале македонските граѓани кај банките минатата година

Според извештаите на Народната Банка за банкарскиот сектор за 2020 година и направената анализа од нашиот портал Денар, Потрошувачките кредити во банкарскиот сектор во државава учествуваат со најголем дел од вкупниот износ на кредити кои се пласираат на физичките лица во земјата.

Од вкупниот износ на кредити во банкарскиот сектор во 2020 година, кој изнесува 201.668 милиони денари, потрошувачките кредити учествуваат со 51%, односно со 102.746 милиони денари.

Структурата на потрошувачките кредити според валутата е следната:

  • Потрошувачки кредити во денари се на износ од 78.839 милиони денари,
  • Потрошувачки кредити во денари со девизна клаузула се на износ од 22.978 милиони денари, и
  • Потрошувачки кредити во девизи се на износ од 930 милиони денари

Според оваа структура на кредити, банкарскиот сектор во државава пласира најмногу денарски потрошувачки кредити кај населението, односно 77% од кредитите се пласирани во денари.

Станбените кредити се втори по учество во вкупните кредити во банкарскиот сектор и се на износ од 59.054 милиони денари или 29% од вкупниот износ на кредити.

Структурата на станбените кредити според валутата е следнава:

  • Станбени кредити во денари се на износ од 6.039 милиони денари,
  • Станбени кредити во денари со девизна клаузула се на износ од 44.959 милиони денари, и
  • Станбени кредити во девизи се на износ од 8.056 милиони денари

Според оваа структура на кредити, станбените кредити кај населението во државава најмногу се пласираат во денари со девизна клаузула, односно 76% од вкупниот износ на станбени кредити.

Врз база на направена анализа од страна на Денар, најниски се каматните стапки кај станбените кредити во денари со девизна клаузула и кај потрошувачките кредити во денари.

Во македонското општество константно постои страв од девалвација на денарот. Но, во нашата држава, девалвација на денарот се нема случено од 1996 година наваму и покрај воениот конфликт во 2001 година, големата Светска рецесија во 2008 година, како и пандемијата од коронавирусот која започна минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП