8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПремиера на новиот Galaxy А72 (ФОТО/ВИДЕО)

Премиера на новиот Galaxy А72 (ФОТО/ВИДЕО)

Покрај двата телефони „Galaxy А52“, „Samsung“ го претстави и „Galaxy А72“ од горниот среден сегмент на пазарот. „Galaxy A72“ претставува поголема надградба во однос на неговиот претходник и доаѓа со некои функции кои претходно беа резервирани само за водечките модели на „Samsung“.

Дизајнот е сличен на моделите „Galaxy A52“, со ефект на поврзување на испакнатите камери на задниот дел, што дава почист изглед. Мат финишот доаѓа во четири опции во боја – црна, сина, виолетова и бела.

„Galaxy A72“ има 6,7-инчен „Super AMOLED“ екран со „FHD +“ резолуција (2500 x 1080p), со брзина на освежување од 90Hz, осветлување од 800 и сензор за отпечатоци од прсти лоциран под дисплејот.

Телефонот најверојатно работи со чипсет „Qualcomm Snapdragon 732G“ („Samsung“ не откри специфичен модел за време на презентацијата) како кај стандардниот телефон „Galaxy A52“, имајќи предвид дека „Galaxy A72“ нема 5G варијанта. Достапни се 6 GB и 8 GB RAM меморија, како и 128 GB и 256 GB простор за складирање, кој може да се прошири до 1TB преку слот за „microSD“ картичка.

Трите камери се исти како моделот „A52“ и вклучуваат 64MP главен сензор, 12MP ултра-широк и 5MP макро, додека „A72“ е надграден со 8MP телефото камера (3х оптички зум), со f / 2.4 отвро на бленда и поддршка на „OIS“. На предната страна се наоѓа селфи камера со фиксен фокус.

Батеријата, со капацитет од 5000mAh, нуди дводневно траење со едно полнење и има поддршка за полначи од 25W. Постои „IP67“ сертификација, напреден „Bluetooth“ за поврзување на два безжични уреди истовремено и 3,5 mm приклучок. Софтверот е „One UI 3.0“, базиран на „Android 11“, а исто така, присутни се стерео звучниците на „Dolby Atmos“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП