30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрв пат во светот: Британските возачи на Uber ќе добијат статус на...

Прв пат во светот: Британските возачи на Uber ќе добијат статус на вработени и ќе имаат право на годишен одмор

Највисокото судско тело во Велика Британија на 19 февруари донесе одлука дека возачите може да се сметаат за „работници“ и на основа на тоа да користат социјални права.

Uber на своите британски возачи ќе им даде статус на вработени кој ќе добиваат минимална плата и ќе имаат платено отсуство, прв ваков случај во светот за американската компанија и промена на моделот на дигиталните платформи во Велика Британија.

Големата американска компанија за изнајмување автомобили со возач во соопштението објавено во вторникот рече дека сите нејзини возачи, која има повеќе од 70.000 во земјата, ќе ги имаат тие права веќе во среда.

Ова е голема промена за Uber, чии возачи досега беа самовработени.

Платформата реагираше брзо по консултацијата со своите возачи и точно еден месец по изгубениот спор во Врховниот суд кој силно одекна во јавноста.

Највисокото судско тело во Велика Британија на 19 февруари донесе одлука дека возачите може да се сметаат за „работници“ и да уживаат социјални права по таа основа.

Судот пресуди во корист на група од дваесетина возачи кои сметаа дека имаат право на работнички статус, со оглед на времето кое го поминуваат работејќи со апликацијата и фактот дека компанијата, меѓу другото, ја следи и оценува нивната работа.

Во иднина, возачите на Uber во Велика Британија ќе добиваат барем минимална плата, ќе имаат право на платено отсуство и ќе можат да плаќаат придонес за пензија, во кој ќе учествува компанијата.

Овие права се додаваат на постојните, како што се слободен пристап до здравствено осигурување и поволности за породилно отсуство.

Ова е голем ден за британските возачи, рече Џејми Хејвуд, директор на Uber за Северна и Источна Европа.

Uber е само дел од секторот за резервации на автомобили и се надеваме дека и другите оператори ќе ни се придружат во напорите за подобрување на условите во кои работат овие луѓе, без кои е тешко да се замисли нашето секојдневие, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП