29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ го покажа „i4“ и вети 1 милион продадени електрични автомобили годинава...

„BMW“ го покажа „i4“ и вети 1 милион продадени електрични автомобили годинава (ВИДЕО/ПРЕМИЕРА)

„BMW“ го претстави својот нов електричен модел „i4“, за кој повеќе детали се очекуваат во текот на денот или деновите што следуваат, но и вети дека ќе испорача рекордни 1 милион електрифицирани автомобили во 2021-ва година, за време на денешната годишна конференција за извештаи во Минхен.

Компанијата објави 99 милијарди евра приход за 2020-та година и профит од 5,2 милијарди евра пред оданочување, и покрај тешкотиите поврзани со коронавирусот. Одборот на директори предложи на генералното собрание исплата на дивиденда од 1,90 евра за обична акција.

Во 2020 година, германската компанија успеа да продаде 2,325 милиони автомобили од брендовите „BMW“, „MINI“ и „Rolls-Royce“ – околу 8% помалку отколку во 2019-та година. Сепак, колапсот беше целосно во првите шест месеци, додека вторите беа најсилни во историјата на групацијата „BMW“ со испорачани над 1,3 милиони автомобили. Дивизијата за мотори продаде 169.000 примероци – второто најдобро достигнување во историјата.

Подобрите од очекуваните финансиски резултати се должат и на закрепнувањето на клучните пазари и на намалените трошоци, изјави директорот на управата Николас Питер. „BMW“ минатата година скрати околу 4.000 работни места. Сепак, компанијата успеа да ги задржи речиси непроменети инвестициите во истражување и развој – вкупно 6,3 милијарди евра.

„Во 2020-та година, „BMW“ ги намали своите капитални трошоци за повеќе од 1,7 милијарди евра“, рече Никола Питер.

„Во 2021-ва година групацијата очекува значително зголемување на понудата во споредба со 2020-та година и маргина на профит помеѓу 6 и 8 проценти“, додаде Питер.

Компанијата исто така го подобри својот рекорд за најмногу продадени електрични автомобили во 2020-та година, со 193.000 испораки, изјави извршниот директор Оливер Ципзе. Просечните емисии на „CO2“ во опсегот опаднаа за 22%. Сега целта на „BMW“ е да продаде 1 милион електрифицирани машини – електрични автомобили и хибриди во 2021-ва година, а до 2025-та година да продаде 2 милиони чисти електрични автомобили годишно.

„Во 2025-та година, „BMW“ сака да продава 2 милиони електрични автомобили годишно“, објави Ципзе.

При претставувањето на резултатите, Ципзе за прв пат го покажа новиот „i4“ – електрично купе, што аналитичарите го посочуваат како директен конкурент на „Tesla Model S“. Германците планираат да го лансираат три месеци пред предвидениот рок, во втората половина на годината. „i4“ ќе ја понуди осмата генерација на оперативниот систем на „BMW“ – најмоќната досега. Подоцна ќе ви понудиме повеќе детали за моделот.

Ципзе ги потврди и гласините дека подружницата на „MINI“ ќе биде целосно електрична од 2030-та година наваму. Ќе има и целосно електрични модели на „Rolls-Royce“.

„Следната година, баварската групација ќе го лансира својот водороден автомобил „Hydrogen Next“ – во ограничени количини, но сепак како производствен модел. „BMW“ силно ја поддржува изградбата на потребната хидрогенска инфраструктура во Германија“, нагласи Ципзе.

https://www.youtube.com/watch?v=2zSsCwwSsig

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП