29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоја банка одобрува најмногу кредити на граѓаните

Која банка одобрува најмногу кредити на граѓаните

Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2020 година, Стопанска банка АД Скопје е банката која најмногу ги кредитира граѓаните, односно домаќинствата.

Така, од вкупните кредити 48,5 милијарди денари се кредити одобрени на домакинствата, а 24,2 милијарди денари се кредити одобрени на нефинансискиот сектор односно приватните компании.

НЛБ Банка е втората банка која што одобрила повеќе кредити на домаќинствата и тоа на износ од 37,95 милијарди денари кредити одобрени на домаќинствата, а 23,98 милијарди денари на приватните компании.

Халк Банка АД Скопје скоро подеднакво ги кредитира домаќинствата и приватните компании и тоа домаќинствата во износ од 21,37 милијарди денари, а приватните компании 21,93 милијарди денари.

Комерцијална банка одобрила 17,58 милијарди денари на домаќинствата и 35,32 милијарди денари на приватните компании.

Охтидска банка одобрила износ од 15,75 милијарди денари на домаќинствата и 16,51 милијарди денари на приватните компании.

Уни Банка со износ од 11,10 милијарди денари за физички лица, Централна кооперативна банка со износ од 6,23 милијарди денари, ТТК Банка со 3,49, Силк Роуд банка со износ од 3,22 милијарди денари за физичк лица, се банки кои што повеќе ги кредитираат домаќинствата отколку приватните компании.

Шпаркасе банка со износ за физички лица од 9,05 милијарди денари и Стопанска банка Битола со износ од 3,38 милијарди денари речиси подеднакво ги кредитираат домаќинствата и приватните компании.

Прокредит банка одобрува 2,60 милијарди денари на домаќинствата и 23,40 милијарди денари на приватните компании.

Капитол банка одобрува 859 милиони денари кредити на домаќинствата и 1,07 милијарди денари на приватните компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП