26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple започнува со производство на автомобили? Директорот на БМВ реагираше на овие...

Apple започнува со производство на автомобили? Директорот на БМВ реагираше на овие тврдења

Во последните две децении, „Apple“ „освои“ неколку големи пазари, од музичкиот пазар до, се разбира, пазарот за мобилни телефони и останати паметни уреди. Затоа сите планови на „јаболкото“ многу внимателно се следат во светот на технологијата.

Според некои „инсајдери“ во компанијата, „Apple“ треба да се фокусира на два нови пазари во иднина – светот на технологијата AR / VR, но и пазарот на автомобили. Според неофицијални информации, Apple досега преговарал со компании како Hyundai, Kia и Nissan, но нема цврст договор.

Во следните неколку години, треба да знаеме повеќе за наводните планови на „Apple” за влез на пазарот за автомобили, но тоа не значи дека конкуренцијата што веќе постои таму не е запознаена со гласините кои кружат, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Така, финансискиот директор на BMW, Николас Питер, одговори на прашањето на новинарите што мисли за новите потфати кои ги подготвува Apple.

“Спијам прилично мирно. Конкуренцијата е голема работа, бидејќи ги мотивира и другите компании, но ние сме во одлична ситуација и сакаме да останеме на лидерската позиција во индустријата”, рече Питер.

Секако, постои голема разлика помеѓу технолошката и автомобилската индустрија, но треба да го имаме предвид начинот на кој “Apple“ пристапува на сè што ќе се „фати“. Досега ретко кој потфат им пропаднал , а со оглед на тоа што не брзаат со ова, се чини дека сакаат да пристапат многу студиозно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП