На најголемиот и најпрестижен германски вински натпревар „Мундус Вини“, вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ беа наградени со три златни медали, при што едно од нив освои и голем златен медал (Grand Gold).
На ова пролетно издание на „Мундус Вини“ наградени беа црвеното „Terrasse à L’Ombre“ од бербата 2018-та, кое освои голем златен медал (Grand Gold), признание кое се доделува само на најквалитетните вина, оценети со исклучително висок број на бодови. Истото вино беше прогласено и за најдобро вино од долината на реката Рона, познатиот француски вински регион. Златни медали освоија и црвеното „Domaine Barovo“ од бербата 2018-та, кое воедно беше прогласено и за најдобро вино од Македонија, како и белото „Domaine Barovo“ од бербата 2020-та, а „Domaine Lepovo Chardonnay“ од бербата 2019-та, освои сребрен медал.

