„HMD Global“ ќе одржи настан на 8-ми април за време на кој се очекува да бидат претставени најмалку три нови телефони на „Nokia“. Покрај „Nokia Х10“ и „Nokia Х20“, кои ќе бидат достапни како 5G телефони, се очекува и буџетскиот „Nokia G10“.
Сега се појавија информации за моделот „G10“, а изворите сугерираат дека телефонот ќе има 6,38 инчен ЛЦД-екран со HD + резолуција и батерија од 4.000mAh. Тој ќе се напојува од окта-јадрен процесор, за што архитектурата и брзината на тактот не се потврдени.

