Десетте најпродавани модели во светот доаѓаат од три земји кои се познати по моќната авто-индустрија.
За некој модел да се најде на оваа престижна листа, беше потребно тој да опстане долго на пазарот, но и да биде исклучително популарен меѓу купувачите.
Па да започнеме со ред, од десетта кон првата позиција…
10. „Chevrolet Impala“

Долгогодишниот бестселер на американскиот производител „Chevrolet“ – „Impala“, продаден е во повеќе од 14 милиони примероци од своето деби во 1958-ма година.
9. „Volkswagen Passat“

Иако на пазарот е значително помалку време од „Impalа“, „Passat“ од појавувањето на пазарот во 1973-та пристигна на адресите на 15,5 милиони сопственици.
8. „Ford Model T“

Првиот масовно произведен автомобил е продаден во 16,5 милиони примероци, почнувајќи од 1908-ма година.
7. „Honda Accord“

„Honda“ моделот „Accord“ го претстави во 1976-та година, а досега се продадени 17,5 милиони примероци од овој автомобил.
6. „Honda Civic“

„Civic“ пристигна во продажните салони малку пред моделот кој се наоѓа на седмото место на оваа листа. Бестселерот на „Hondа“ од 1973-та до денеска е доставен до 18,5 милиони купувачи.
5. „Ford Escort“

Иако „Ford“ е американска компанија, поголема популарност за овој модел имаше во Европа. Вкупно се продадени 20 милиони примероци од 1968-ма дo 2000-та година.
4. „Volkswagen Beetle“ – „Буба“

„Буба“ има најдолг стаж од сите овие автомобили на листата, со оглед дека се појави уште во 1938-ма година. Во меѓувреме продадени се повеќе од 23,5 милиони примероци од овој модел.
3. „Volkswagen Golf“

„Golf“ е на третото место на листата на најпродаваните модели во светот, воедно и најбараниот автомобил на „Volkswagen“ на сите времиња. Oд 1974-та, кога се појави на пазарот, испорачани се 27,5 милиони примероци.
2. „Ford F-Series“

„Ford F-Series“ датира од 1948-ма година, а досега се продадени околу 35 милиони возила.
1. „Toyota Corolla“

Првата „Toyota Corolla“ се појави на пазарот во 1966-та година, а досега ширум светот се испорачани дури 37,5 милиони примероци од овој модел.