17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМладите најмногу на удар, поради Ковид-19 без работа останаа 6 милиони лица

Младите најмногу на удар, поради Ковид-19 без работа останаа 6 милиони лица

Кризата предизвикана од коронавирусот има невидено влијание врз економијата на Европската унија, како и врз пазарот на труд на целото општество, се вели во студијата на Европската фондација за подобрување на условите за живот и работа (Eurofound).

Според резултатите од истражувањето на оваа агенција, со седиште во Даблин, „до пролетта 2020-та година, во ЕУ биле вработени 5,7 милиони луѓе помалку отколку на крајот на 2019-та година“, додека стапката на невработеност во блокот од 27 членки се зголеми од 6,6 на 6,7 проценти во истиот период.

За време на 12 месеци до почетокот на пролетта 2020-та година, вработувањето во ЕУ падна за 2,4 проценти, бројот на неделни часови на оние кои продолжија да работат е помал за скоро еден час, а учеството на вработените со договор за вработување кои не работата повеќе се удвои, на 17 проценти.

„До јули 2020-та година, скоро 50 проценти од работниците во ЕУ се префрлија на работа со полно работно време или со скратено работно време, отворајќи нови „ракави“ на пазарот на труд, а високообразованите и оние во урбаните области се во подобра позиција да работат од дома“, се наведува во студијата.

Младите претрпеа најсилен пад во вработеноста, додека работниците на возраст од 25 до 54 години и постарите машки работници обично имаа работа со скратено работно време.

Значителни разлики во работните услови беа регистрирани и меѓу земјите-членки на ЕУ, при што Франција, Полска, Италија и Грција беа најтешко погодени од пандемијата, се додава во извештајот.

„За време на глобалната финансиска криза 2008-2010 година, најголеми загуби претрпеа вработените со среден приход, додека кризата поради Ковид-19 до вториот квартал на 2020-та година најмногу ги погоди најниско платените работници“, наведува „Eurofound“.

Фондот предвидува дека стапката на невработеност во ЕУ ќе се искачи на 8,6 проценти во 2021-ва година и ќе остане на осум проценти во 2022-ра година.

„И покрај поширокото влијание на пандемијата врз условите за живот и работа во различни сектори на економијата, овие стапки сè уште се под максималните нивоа забележани за време на глобалната финансиска и економска криза од 2008-2010 година“, стои во студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП