20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали сте подготвени за нова посета од вселената? Најголемиот астероид во 2021...

Дали сте подготвени за нова посета од вселената? Најголемиот астероид во 2021 година пристигнува во соседството

Неговото поминување покрај Земјата ќе им овозможи на астрономите подобро да го проучат и можеби да научат повеќе за неговиот состав.

Најголемиот астероид кој ќе го посети соседството на Земјата, оваа година ќе помине покрај нашата планета на 21 март на безбедно растојание од околу 2 милиони километри или пет пати од од Земјата до Месечината.

Астероидот 2001 ФО32 е откриен пред 20 години и оттогаш будно го следат научниците. Не претставува никаква опасност за Земјата, а следниот пат кога ќе го посети нашето соседство е во 2052 година, кога ќе помине на растојание од 2,8 милиони километри.

“Орбитата на астероидот 2001 ФО32 можеме да ја одредиме многу прецизно затоа што го следиме откако е откриен пред 20 години. Нема шанси астероидот да се приближи на Земјата поблизу од 2 милиони километри”, истакна Пол Ходас, директор на Центарот за проучување на објекти во близина на Земјата (CNEOS).

Иако нема да има опасност за Земјата, на астрономски размери, 2 милиони километри се непријатно блиску. Затоа овој астероид е означен како „потенцијално опасен“, иако научниците се убедени дека не постои реална опасност. За време на неговото приближување до Земјата, астероидот ќе се движи со брзина од 124 илјади километри на час, што е малку побрзо од другите астероиди со кои обично се среќава Земјата.

Интересно, кога беше откриен, астероидот имаше дијаметар од околу еден километар, додека според научниците, тој сега е многу помал. Некои проценуваат околу 900 метри, додека анализата со телескопот NEOWISE покажа дека тој всушност е во опсег од 440 до 680 метри.

Неговото поминување покрај Земјата ќе им овозможи на астрономите подобро да го проучат и можеби да научат повеќе за неговиот состав.

“Ќе се обидеме геолошки да го анализираме со телескоп”, рече Вишну Реди, професор на Универзитетот во Аризона.

Телескопот кој е задолжен е инфрацрвениот телескоп на НАСА со дијаметар од 3,2 метри, кој се наоѓа на врвот на Мауна Кеа на Хаваите. Тој ќе снима како изгледа астероидот при поминување на Земјата за астрономите да можат да го користат спектарот на светлината кој се одбива од површината на астероидот за да го анализираат неговиот состав.

Откако ќе дознаеме, ќе можеме да го споредиме со метеорите на Земјата за да утврдиме кои минерали ги носи со себе, додаде Реди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП