18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Nokia“ и „Samsung“ се ракуваа за патентен договор

„Nokia“ и „Samsung“ се ракуваа за патентен договор

„Nokia“ склучи договор со „Samsung“ за лиценцирање патенти кои ги покриваат нејзините иновации во видео-стандардите, објави финската компанија за телекомуникациска опрема, цитирана од „Reuters“.

Двете компании не ги обелоденија финансиските параметри на договорот.

Портфолиото на „Nokia“ вклучува околу 20.000 патентни семејства, од кои повеќе од 3.500 се наведени како неопходни за технологијата 5G.

„Задоволни сме што постигнавме договор со „Samsung“ што дополнително ги потврдува децениските инвестиции на „Nokia“ во истражување и развој и нејзиниот придонес кон мултимедијалните и стандардите за видео технологија“, рече Џени Лукандер, претседател на „Nokia Technologies“.

Договорот се случи само неколку месеци откако ривалот „Ericsson“ поднесе тужба против „Samsung“ во САД во врска со плаќањата и лиценците за патенти.

Комисијата за меѓународна трговија на Соединетите држави минатиот месец објави дека ќе започне истрага за наводите на „Ericsson“ дека „Samsung“ прекршила некои свои патенти поврзани со 4G и телекомуникациската технологија на следната генерација, 5G.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП