25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали банкарскиот сектор во Македонија е високо концентриран

Дали банкарскиот сектор во Македонија е високо концентриран

Македонскиот банкарски сектор го сочинуваат 14 банки, објави Народната банка.

Според податоците на Народната банка, 5 се големи банки со билансна сума од над 1 милијарда евра, 6 се средни банки и 3 се мали.

Денар направи анализа по извештајот на Народната банка за големината на билансите на состојба на банките за 2020 година.

57,47 отсто од банкарскиот бизнис припаѓа на трите најголеми банки, Комерцијална банка, Стопанска банка и НЛБ Банка, или заедно со останатите две големи Халк банка и Охридска банка зафаќаат 76,72 проценти.

Средните банки зафаќаат 20,42 проценти од банкарскиот бизнис, а малите банки само 2,86 проценти.

Денар не може да каже дали ова е висока концентрација на банкарскиот систем во Македонија. Комитентите на банките секако знаат дека колку е поголема конкуренцијата во банкарскиот сектор, толку услугите ќе бидат подобри и задоволството на клиентите поголемо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП