27 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 12.03.2021

Дневен хороскоп 12.03.2021

Овен (21.03 – 20.04)

Денес максимално ќе и бидете посветени на својата работа. Можно е да сте преоптеретени со обврски. Вечерните часови се поволни за љубов, особно доколку сте во брак или долга врска.

Бик (21.04 – 21.05)

Немојте да очекувате дека денес ќе остварите некој значителен напредок на деловен план, Бидете пореални. Тешко ви е да признаете пораз на љубовен план. Ќе се вратите на некои грешки кои и претходно ви создале проблеми.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Доколку се занимавате со приватна работа, нема да бидете задоволни со случувањата кои ќе следат во овој ден. Емотивно сте прилично ладни. Ако сте сами, тоа ви одговара. Ако сте во врска, партнерот ќе ви замери.

Рак (22.06 – 22.07)

Пред вас се некои кочници и проблеми. Денот не е поволен за барање на работа, доколку ја немате. Почекајте малку. Во љубовта можете да очекувате контакт со лицето кое ви се допаѓа.

Лав (23.07 – 22.08)

Некои поголеми трошоци се пред вас. Потрудете се да бидете умерени. Можни се некои лажни ветувања од некое лице. Не очекувајте големи промени на љубовното поле денес.

Девица (23.08 – 22.09)

Искористете го првиот ден од неделата за добро да се организирате. Сите аспекти на деловното поле се поволни. Во љубовта потребни ќе ви бидат вниманието и емоциите од партнерот, побарајте ги на вистинскиот начин.

Вага (23.09 – 22.10)

Одморете денес и одложете некои обврски. Внимавајте да не ги повредите емоциите на вашиот партнер. Дадете му поддршка на саканото лице на секој можен начин.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вие имате доста енергија но немате многу обврски. Немојте да очекувате поддршка од страна на колективот. Ќе уживате во некој необврзувачки флерт доколку сеуште не сте подготвени за врска.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе се прашувате дали надредените ви се пријатели или пак се против вас. Засега немојте премногу да им верувате. Во љубовта ве очекува емотивна ситуација ако сте во врска со некој воздушен знак.

Јарец (22.12 – 20.01)

Денот не е поволен за многу соработки. Можни се некои ситни грешки и пропусти. На љубовен план не сте задоволни со ситуацијата. Ќе сакате нешто да промените.

Водолија (21.01 – 19.02)

Загрижени сте за своите финансии. Време е да направите некои посериозни промени. Во љубовта ви претстои заладување на односите со саканото лице. Можно е тоа да се сомнева во вас.

Риби (20.02 – 20.03)

Свесни сте дека не можете да се потпрете премногу на било кој освен на себе. Потребно ви е доста време за да завршите некои обврски. Саканото лице ви покажало некои особини кои не ви се допаѓаат, но не го осудувајте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП