19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАХакери ја презедоа контролата над безбедносните камери низ САД

Хакери ја презедоа контролата над безбедносните камери низ САД

Една хакерска група успеа да ја преземе контролата врз безбедносните камери во болниците, училиштата, компаниите и затворите низ Соединетите држави.

Според АП, тие први провалиле во системот на американската компанија “Веркада”, која работи со сите засегнати институции.

Агенцијата наведува дека калифорниската компанија Веркада го потврди нападот во средата и објави дека го истражува степенот на оваа злоупотреба и дека ја известила полицијата и нејзините корисници.

Швајцарскиот хакер Тил Котман, член на групата која себеси се нарекува „АПТ-69420 Arson Cats“, потврди во Интернет интервју за АП дека мала група хакери со хомосексуална ориентација, позади која не стои ниту една земја, е одговорна за овој напад, и дека нивните цели биле желба за забава, слобода на сексуална определување, подобар свет.

Тој за агенцијата изјави дека хакерите добиле пристап до безбедносните системи благодарение на фактот дека групата ја искористила супер администраторска сметка за компанијата Веркада, а од оваа компанија рекоа дека во моментов ги блокираат сите сметки на интерните администратори со цел да спречат нов неовластен пристап.

АП пренесува дека хакерите биле во можност да следат десетици илјади камери во живо два дена, вклучително и многу чувствителни локации, како што се болници и училишта, а Котман изјавил дека со овој потег, хакерите сакале да го свртат вниманието кон опасностите од масовен надзор.

Некои од погодените институции се основното училиште Сенди Хук во Њутаун, Конектикат, каде 26 ученици и шест наставници беа убиени во еден од најсмртоносните терористички напади во историјата на САД во 2012 година, како и објектите на Тесла и затворот во округот Медисон во Алабама., наведува АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП