20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрашање на сите прашања: Дали коронавирусот некогаш ќе исчезне од нашите животи?

Прашање на сите прашања: Дали коронавирусот некогаш ќе исчезне од нашите животи?

По повеќе од една година живот со пандемија, едно прашање некако станува поважно од сите други. Дали новиот коронавирус некогаш ќе исчезне од нашите животи?

Одговорот на тоа прашање не е едноставен и всушност никој не може да даде прецизен одговор на тоа. Научниците, на пример, веруваат дека новиот коронавирус ќе биде со нас во следните децении, но тоа не значи дека тој ќе претставува иста закана цело време како и во изминатата година.

Новиот коронавирус се појави на крајот на 2019 година во Кина, но тешко е да се предвиди како ќе се однесува на долг рок. Многу експерти веруваат дека со текот на времето, болеста КОВИД-19, предизвикана од овој вирус, со текот на времето ќе ослабне на ниво како обичната настинка.

Такво сценарио е можно бидејќи луѓето развиваат имунитет со текот на времето, или преку инфекција или вакцинација. Другите вируси веќе поминаа низ слична патека. На пример, пандемијата на грип од 1918 година дава увид во можниот тек на пандемијата на новиот коронавирус.

Американскиот ЦДЦ верува дека една третина од светската популација во тоа време била заразена од грипот, кој преминал на луѓето од птици. Но, со текот на времето, болеста престана да се шири брзо како резултат на фактот дека многу луѓе починаа од последиците на тој грип или затоа што развија имунитет на вирусот. Вирусот подоцна мутирал во помалку заразна форма, за која експертите тврдат дека и денес циркулира во населението.

Од друга страна, појавата на нови варијанти на КОВИД-19 може да ги комплицира работите доколку идните мутации на новиот коронавирус предизвикаат потешка форма на болеста или го избегнат ефектот на вакцината.

Малку е веројатно дека новиот коронавирус ќе исчезне, со оглед на можноста за повторна инфекција на луѓето кои веќе се опоравиле од болеста или биле вакцинирани против него.

Единствен вирус кој е отстранет од човечката популација се големите сипаници (variola vera major). Причината била што луѓето развија долготраен имунитет на вирусот по инфекција или вакцинација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП