понеделник, 8 август 2022
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИНЛБ банка ja објави понудата за преземање на преостанатите акции на Комерцијална...

НЛБ банка ja објави понудата за преземање на преостанатите акции на Комерцијална банка

Словенечката НЛБ банка објави понуда за преземање на преостанатите обични акции на белградска Комерцијална банка и целата емисија на нејзините претпочитани акции, објави Централниот депозитар за хартии од вредност.

Како што објави брокерската куќа „Моментум“, НЛБ им нуди на сопствениците на обични акции цена од 3.315,47 динари по акција, што е истовремено и цената по која инвеститорот купи контролен пакет акции во „Комерцијална банка“ од државата Србија.

НЛБ има намера да купи 2,82 милиони обични акции на Комерцијална банка, што е 16,77% од вкупниот број.

Во исто време, НЛБ им понуди на сопствениците на приоритетни акции цена од 934,72 динари по акција, што е просечна пондерирана цена на акциите во последните шест месеци. НЛБ има намера да купи 100% од оваа емисија, со оглед на тоа што сите акции се во рацете на малцинските акционери.

Двете понуди за преземање ќе бидат отворени еден месец и истекуваат на 9 април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП