20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗАРА: Сопственикот во голем минус, пандемијата го намали профитот за 70%

ЗАРА: Сопственикот во голем минус, пандемијата го намали профитот за 70%

Индитекс, сопственикот на шпанскиот моден бренд Зара, објави пад на нето добивката во 2020 година од цели 70 проценти, на 1,1 милијарда евра.

Падот следуваше откако многу од нивните продавници за облека мораа да се затворат поради глобалното затворање предизвикано од пандемија на коронавирусот.

Нето добивката во четвртиот квартал падна за 53 проценти, на 435 милиони евра, поради повторното заклучување низ Европа за време на новогодишните празници.

Помеѓу двете „заклучувања“, Зара затвори скоро 1.000 продавници ширум светот и планира затворање на уште многу продажни места.

Сепак, фокусот на продажбата преку Интернет донесе раст во тој сегмент. Покрај тоа, тие се обидоа да ја ублажат штетата со намалување на залихите за девет проценти во споредба со претходната година.

Апликацијата Зара е подобрена во многу земји каде дотогаш не била премногу користена, а за онлајн купување Зара исто така нуди некои поволности во форма на попусти. Да ве потсетиме, постои и можност за купување преку Интернет преку споменатата апликација и кај нас во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП