5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Renault“ ќе ги произведува моделите на „Mitsubishi“ за Европа

„Renault“ ќе ги произведува моделите на „Mitsubishi“ за Европа

„Mitsubishi Motors“ и „Groupe Renault“ се согласија да произведат во Франција два нови модели на јапонската компанија, дизајнирани за европскиот пазар. Така, францускиот производител ќе започне да составува два кросовери, кои ќе се „мешавина помеѓу неодамна претставениот „Mitsubishi Eclipse Cross PHEV“ и „сестринските“ модели на „Renault“.

Двата нови модели на „Mitsubishi“ ќе бидат на иста платформа, но ќе се разликуваат едни од други во дизајнот и технологијата. Јапонците ќе ги понудат во нивната дилерска мрежа, во избрани земји на европскиот пазар, а премиерата е закажана за почетокот на 2023-та година.

Како што се сеќавате, „Mitsubishi“ одлучи да се повлече од европските пазари и да се фокусира на оние во Азија и Океанија. Компанијата го замрзна развојот на нови модели за Стариот континент и мораше да се повлече до крајот на следната година. Подоцна, сепак, управата се предомисли и одлучи да остане на некои пазари.

На европските пазари компанијата останува со своите сегашни модели до крајот на нивниот животен циклус. После тоа, таа веројатно ќе се потпре само на новите два кросовера произведени од „Renault“, и многу е можно доколку работите одат добро, Французите да соберат повеќе модели со логото на „Mitsubishi“.

Одлуката на „Mitsubishi“ на крајот не изненадува и се очекуваше откако компанијата го објави планот за преструктуирање и реформи во минатото лето. Производителот ќе може сериозно да ги оптимизира своите трошоци и да ја подобри својата ефикасност на европските пазари.

„Renault“ целосно го дели ова мислење, бидејќи шефот на компанијата Лука де Мео рече дека на овој начин се зајакнуваат врските меѓу компаниите во алијансата „Renault“ – „Nissan“ – „Mitsubishi“ и тоа ќе доведе до позитивни резултати.

Слична одлука донесе и „PSA“ по купувањето на „Opel“. Новите модели на германската марка се базираат на француски платформи и имаат технологија на француски погон, но се разликуваат во дизајнот и некои решенија. Во моментов, оваа опција е добро прифатена од клиентите и е профитабилна за производителот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП