2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРосел ја одреди цената на Меси!

Росел ја одреди цената на Меси!

lionel-mesi-foto-reuters-1375635401-348289

Сите можат да си заминат, освен Лионел Меси. Претседателот на Барселона, Сандро Росел е одлучен во намерата да го задржи аргентинскиот фудбалер, а во разговор со новинарите дури ја одредил цената за неговата „слобода“.

Според неговите пресметки кој сака да го купи Меси ќе мора да плати 580 милиони евра!

„Секој играч може да си замине, само Меси не. Обештетувњето, плус 250 милиони евра за клаузулата и уште 56 проценти данок. Се вкупно околу 580 милиони евра“, изјавил Росел за каталонскиот весник „Спорт“, но тој како да има мали проблеми со математиката.

Првакот на Шпанија од оваа сезона има уште една ѕвезда во тимот, а тоа е Нејмар. Според Росел на младиот Бразилец ќе му биде потребно време за да се прилагоди во екипата, а како што наведува претседателот на Барселона, Нејмар ќе му помогне на Меси да се ослободи од своите чувари кои отсега ќе бидат насочени и кон новото засилување на тимот од „Ноу Камп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП