25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКОСТАЛ МАКЕДОНИЈА со раст на инвестициите, вработувањата и продажбите во пандемиската 2020:...

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА со раст на инвестициите, вработувањата и продажбите во пандемиската 2020: “Отвораме нови работни места и годинава”

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е дел од Групацијата КОСТАЛ, која преку своето технолошки напредно производство, нуди реални можности за професионален раст, развој и усовршување на своите вработени, локално, но и  меѓународнo, во рамките на Групацијата.

Во изминатата 2020 година, која беше исклучително специфична поради здравствениот предизвик што резултираше и со економска криза, голем број компании го намалуваа бројот вработени. КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА во услови на редуцирано производство и намалени приходи споредено со планираните успеа ги зачува сите постојни вработувања и активно вработуваше нови. Така, во годината во која сите се соочувавме со ефектите на најголемата здравствена и економска криза досега, во КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА беа реализирани нови 322 вработувања при што инвестициите надминаа износ од 14 милиони евра a продажбите 51 милиони евра што е зголемување од над 50% споредено со обемот на продажби за 2019 година.

Водени од грижата за здравјето и благосостојбата на своите вработени и нивните најблиски, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА склучи договор за приватно здравствено осигурување со што им овозможува на сите свои 860 вработени, но и оние кои допрва ќе му се придружат на тимот,  да ги користат без надомест услугите во реномираните приватни здравствени установи од листата на договорни партнери на КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ, како и соодветно покривање на трошоците за лабораториски испитувања, лекови, офталмолошки или стоматолошки здравствени услуги.

Ова е само заокружување на сето она што КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА го направи изминатите неколку години додека е присутен во земјата. Во 2020 година, е реализирано зголемување на платите на вработените и воведени се дополнителни бенефиции, зголемување на регресот на годишен одмор, кој заради финансиските резултати причинети од интензивните инвестиции, компанијата не беше обврзана да го исплати, а сепак го стори тоа.

На планот на корпоративната општествена одговорност, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА покрај соработка и помагање на локалната заедница, посебно е активен на планот на образованието на новите генерации, спроведено преку програмите за “Летна студентска пракса” и “Инженер на тренинг”, со кои им се дава шанса на тековните и штотуку дипломирани студенти од техничките науки да зачекорат по својот иден кариерен пат. Освен тоа, Компанијата е еден од најпроминентните подржувачи на Дуалното образование во земјата.

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА не планира да застане тука, туку напротив, до крајот на 2021 година, според компанискиот бизнис-план, бројот на вработени треба да се зголеми од актуелните 860 на 1.050.  Дополнително непрекинатиот инвестициски циклус се очекува да продолжи и годинава со нови 31 милиони евра во напредна опрема и воведување на нови производни линии за Јагуар, Ланд Ровер и Ауди. Сето ова согласно последните финансиски предвидувања за 2021 година ќе резултира со повеќе од двојно зголемување на обемот на продажби споредено со 2020 и достигнување на рекордно ниво од над 105 милиони евра до крајот на оваа година.

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е постојано отворен за нови вработувања. Моментно вработените се професионалци во своите струки, кои доаѓаат од сите страни на земјата, од Охрид, Струга, Прилеп, Битола, Ресен, Кочани, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Штип, Велес, Кичево, Македонски Брод, Крушево, Гостивар, Тетово, Куманово, Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП