26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖените можат да дадат економски поттик од 20 трилиони долари (ИНФОГРАФИК)

Жените можат да дадат економски поттик од 20 трилиони долари (ИНФОГРАФИК)

Глобалниот економски раст може да се зголеми за 20 трилиони долари до 2050-та година, ако жените имаат исто ниво на образование како и мажите и контролираат исто толку работни места, покажува новата студија.

Промените во политиките кои ќе им помогнат на повеќе жени да влезат на пазарот на трудот, како што се оние за промовирање пристап до средно образование, грижа за децата и флексибилно работно време, имаат потенцијал да го „запалат“ глобалниот раст во следните три децении. Тоа го покажува анализата објавена од економистите на „Bloomberg“, Адријана Дупита, Абишек Гупта и Том Орлик. Извештајот вклучува 36 развиени економии и економии во развој.

Студијата е уште еден доказ дека затворањето на родовиот јаз на пазарот на трудот е од суштинско значење за заздравувањето на економијата од и по пандемијата. На глобално ниво, 58,4% од жените на возраст од 25 до 64 години работат во споредба со 92,1% од мажите, покажуваат податоците.

Во САД, иако жените го поткрепија закрепнувањето од последната рецесија, овој пат заостануваат, нешто што економистите го нарекуваат прва рецесија на жените во земјата.

Голем број жени во земјата се откажаа од работата во текот на изминатата година поради пандемискиот удар во услужниот сектор, како и заради грижата за своите деца, бидејќи градинките и училиштата беа затворени за време на пандемијата. Скоро 1,4 милиони мајки останаа без работа во јануари, според Бирото за попис на САД.

Во исто време, податоците за работните места во февруари покажаа дека учеството во работната сила на жени на работоспособна возраст се подобрува, но само малку, и останува под нивото на пред-пандемијата.

Индија е земја со најмало учество на жени во работната сила меѓу земјите анализирани во извештајот со ниво од 16,6%. Затворањето на јазот меѓу мажите и жените може да додаде повеќе од 30% на бруто домашниот производ на земјата до 2050-та година.

„Подеднакво е важно за земјите да ги анализираат и преструктуираат своите економии за да осигурат дека економиите се во можност да пречекаат дополнителна работна сила со плодни работни места“, рече Адријана Дупита. „Во многу земји, бариерите за образование и вработување на жените се длабоко вкоренети“, рече таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП