26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Christian Louboutin“ продава 24% од акциите на семејството Ањели

„Christian Louboutin“ продава 24% од акциите на семејството Ањели

Производителот на иконските чевли со тенки потпетици и црвени стапалки „Christian Louboutin“ продава 24% од акциите на инвестициска компанија контролирана од италијанското семејство Ањели – зделка според која француската компанија се проценува на 2,3 милијарди евра, пишува „Wall Street Journal“.

„Exor“, контролиран од наследниците на индустрискиот тајкун Џани Ањели, ќе плати 541 милиони евра за акции во „Christian Louboutin“, откриваат двете компании. Марката е со седиште во Париз и има 150 бутици низ целиот свет.

Договорот му дава на еден од најпрепознатливите светски имиња на луксузни чевли капитал за проширување на работењето, особено во Кина. За „Exor“, инвестицијата е дел од обидот да се прошири во областа на луксузни добра, изјави портпаролот на компанијата. Компанијата, предводена од Џон Елкан, внук на Ањели, е исто така контролорен акционер во компанијата за луксузни спортски автомобили „Ferrari“.

Француско-египетскиот дизајнер Кристијан Лубутин го основа истоимениот бренд во 1991-ва година во Париз. Малиот салон брзо започна да привлекува познати клиенти со своите елегантни чевли, а меѓу обожавателите се и актерките Сара Џесика Паркер и Гвинет Палтроу.

Инвестицијата му дава на „Christian Louboutin“ јавна проценка за прв пат, покажувајќи ја како врвна марка што сè уште не е апсорбирана од луксузни конгломерати како што се „LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton“ или „Kering“, матична компанија на „Gucci“. На почетокот на оваа година, „LVMH“ ја склучи најголемата зделка во историјата на индустријата за луксузни стоки со купување на американскиот производител на накит „Tiffany & Co.“ за 15,8 милијарди долари.

„Со текот на годините, му се восхитував на талентот на Кристијан за создавање на еден од најголемите, независни светски луксузни брендови“, рече Елкан.

Во меѓувреме, „Christian Louboutin“ се прошири во други категории производи, од машка облека до чанти. Но, во срцето на брендот остануваат познатите чевли во тенки потпетици и црвени стапалки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП